ФБ страната на Централниот регистар е хакирана

Сподели

 

Фејсбук страната  на Централниот регистар на Република Северна Македонија е хакирана,соопшти директорката на централен регистар Марија Бошковска Јанковски, и најновите статуси не се одраз на ставовите на Регистарот.

 

 

„Страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страницата на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие“ – Централен регистар.

Името на Емил Јакимовски сѐ почесто се споменува во јавноста, откако функционери и новинари јавно проговорија дека од него континуирано добиваат закани по живот.

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски, која соопшти дека против нивниот вработен, Емил Јакимовски, е отворена дисциплинска постапка поради закани упатени кон неа, но и други колеги. изјави дека Јакимовски е веќе неколку месеци на боледување, а случаите се пријавени во полиција.

Од СДСМ обвинија дека Емил Јакимовски е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, а новиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, не постапувал по поднесените пријави. Опозиционерите, пак, ги осудија заканите, додавајќи дека Јакимовски има честа координација со висок функционер на СДСМ.

„Доказите за таквата координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до МВР, по што ги повикуваме да извршат вештачење на доказите и комуникацијата помеѓу високиот функционер на СДСМ и Емил Јакимовски со цел да се дознае вистината, а од друга страна да се утврди дали станува збор за уцена од страна на СДСМ и нивниот функционер врз ова лице“

МВР презема мерки за расчистување на случајот.