Општина Карпош: Дозволите за доставувачите на храна и лекови важат и овој викенд/празник

Сподели

 

Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна/лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час, дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот, 1-ви, 2-ри, 3 – ти мај после 14:00 часот).

Сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна/лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk, најдоцна до 30-ти април (четврток), до 11:00 часот.

ПРИЈАВА (преземи) 

Гги информираме сите граѓани и компании дека во текот на продолжениот викенд, 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движење на граѓаните меѓу 05:00 и 14:00 часот. Оттука, нерегистрираните земјоделци кои вршат дејност во Карпош, хранителите на бездомни кучиња, гулабари, потребно е да вршат дејност во дозволениот дел од денот (од 05:00 до 14:00 часот).

Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност надвор од Општина Карпош, околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk, со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска пацела и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 30-ти април (четврток), до 11:00 часот.

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира – соопштуваат од Општина Карпош.