Собранието ја констатира оставката на пратеникот Бесими

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната седница ја констатираше оставката на пратеникот од ДУИ, Фљорим Бесими, кој се повлече од функцијата поради можен конфликт на интереси, но и под притисокот на јавноста, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими, е предложен за нов министер во владата на Зоран Заев.

Џафери рече дека по добивањето на известувањето од Државната изборна комисија кој е следниот на листата на ДУИ за пратеници, ќе продолжи пленарната седница.