Љуљзим Вренези е добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело

Сподели

 

Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на РС Македонија на меѓународен план, која ја доделува Одборот за доделување на државната награда.

 

 

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 11 часот.