Денеска се одбележуваат 19 години од терористичкиот напад извршен на 11.септември 2001 година, во Њујорк и Вашингтон, во кој загинаа 2.983 лица
Кулите на Светскиот трговски центар се урнаа два часа по ударот на авионот, при што загинаа 2.606 лица, вклучувајќи 343 пожарникари и 60 полицајци.
Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како „Кулите близначки“. Третиот авион се урна во зградата на Пентагон, крај Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија.
Америка традиционално ја одбележува годишнината од нападот со читање на имињата на загинатите и оддавање почит со светлење на местото каде што беа уништени „Кулите близначки“.
Церемонијата се одржува во близина на двата базена со водопади, што се изградија на местата каде некогаш беа кулите.