Skopje Design Week 2020 од 25 до 27. септември во Public Room
Со десеттото издание на Skopje Design Week 2020 ги мотивираме младите дизајнери да ги промовираат своите дела преку дигиталната платформа www.ministryofpleasure.net која е тесно поврзана со дизајн платформите од целиот регион и Европа.
Оваа година се водиме според мотото од кое е засегнат целиот свет, “IT IS ALL ABOUT THE LIMITATION”, a истото знаеме дека секојпат било предуслов за добар дизајн и иновативни решенија.
Покрај презентација на изложбите стимулираме умерено социјално дружење на препорачана дистанца. И оваа година градиме подиум за гастрономските доживувања заедно со Марк де Јонг и тимот на Public Room, а викендот ќе уживаме во добра музика.
Се гледаме во Public Room!