МВР достави известување до ОЈО во врска со инцидентите со навивачите

Сподели

 

Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатите денови интензивно работеше на расчистување на двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и други граѓани во Скопје, на подрачјето на ЕВР Центар и ЕВР Ѓорче Петров, на 13 и 19 септември и денеска до надлежното јавно обвинителство достави соодветно известување.

Беа преземени сеопфатни мерки и активности во насока на расчистување на истите, утврдување на фактите во врска со настаните и идентификација на инволвираните лица во истите, преку обезбедување на видео записи, разговори со лица инволвирани во настаните и др.

Во полициска станица беа повикани 16 лица, а се преземаат и дополнителни мерки во оваа насока. Притоа, за сите досега преземени мерки и активности согласно Законот за кривичната постапка до Основното Јавно обвинителство во Скопје е доставено Известување за настанот од 19.09.2020, додека за настанот од 13.09.2020 известување ќе биде доставено во текот на утрешниот ден.

По завршување на мерките и активностите согласно добиените наредби од Основното јавно обвинителство во Скопје и по комплетирање на документацијата ќе биде доставен соодветен поднесок согласно Законот за кривична постапка, за што дополнително ќе бидете известени.

МВР апелира до сите навивачки групи и до сите граѓани да се воздржат од упатување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини, што е казниво согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и согласно Кривичниот законик.