Џафери на средба со ученици од училиштето за деца со оштетен слух, ДУЦОР “Партенија Зографски

Сподели

 

По повод Светскиот ден на знаковниот јазик, претседателот на Собранието,  Талат Џафери, прими претставници на учениците и наставниците од училиштето за средно стручно образование за деца со оштетен слух, ДУЦОР “Партенија Зографски”.

 

 

На средбата претседателот Џафери истакна дека, доколку се има храброст, сила, борбеност и поддршка од околината, нема невозможни нешта во животот. Собранието секогаш има и ќе има отворени врати за сите граѓани, за нивните идеи и иницијативи кои треба да се преточат во закони и на тој начин да се надминат постојните пречки. Тој истакна дека, ниедна пречка не е преголема и дека ниеден проблем не е нерешлив, доколку истиот зависи од човечки фактор.

 

 

Професорката Викторија Волак, му се заблагодари на претседателот Џафери за неговата отвореност, непосредност и едноставноста на процедурите за остварување на оваа средба, како и за искажаната волја да се решаваат проблемите на кои наидуваат.

 

 

Претседателот им посака на учениците да не престануваат да истражуваат нови хоризонти на знаење, да постигнат врв во своите професионални кариери  и следната средба да биде еднакво пријатна, но побројна.