Парламентарната Група на Демократската Унија за Интеграција го поздравува четвртиот пакет мерки во вредност од 470 милиони евра со цел поддршка на малите и средни бизниси и заштитата на работните места на граѓаните одобрен од Владата.
После изборите, наша главна цел како ДУИ беше да ги почитуваме потребите на граѓаните и земјата и да формираме функционална влада што е можно поскоро. Поради кризата со Корона вирусот, на нашите граѓани и нашата економија им треба искусна и посветена влада не само за управување со здравствените аспекти предизвикани од КОВИД 19, туку и со економските последици што ја погодија нашата земја исто како и секоја друга економија во регионот и во светот.
Со цел да се обезбеди, и за економијата но и за граѓаните брзо и ефикасно управување со кризата, ние како избрани претставници во парламентот имаме доверба во коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ. Ние сме задоволни што оваа влада ја сфати итноста на задачата и состави четврта многу ефикасна група на мерки со вкупна вредност од 470 милиони евра за поддршка на особено малите и средни бизниси и за заштита на работните места на граѓаните.
Заштитата на работните места на граѓаните е најважната задача во овој предизвик и затоа ние како ДУИ силно го поддржуваме планот за поддршка на компаниите со субвенции за намалените приходи на нивните вработени, како и поддршката на туристичките водичи, обезбедувајќи им минимален приход за следните три месеци.
Државните гаранции потрошени на банкарски заеми и дополнителните одложувања во отплатата на кредитите до крајот на годината им овозможуваат на илјадници сопственици на мали бизниси да земат здив, со оваа и малите и средни бизниси многу полесно да ја надминат кризата. Во комбинација со 100 милиони евра нови заеми што можат да се обезбедат преку Европската инвестициска банка, тоа дури може да овозможи и идни инвестиции.
Со овој четврти пакет, владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја низ кризата и да обезбеди економска безбедност и социо-економски напредок дури и во најтешката економска криза со што се бори целиот свет. Овие мерки се избалансирани и прилагодени за да им помогнат на оние кои имаат најголема потреба – мали и средни бизниси и обични граѓани.