Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која е очигледно не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.
Твитот на Филипче е одговор на постојаните барања од ВМРО-ДПМНЕ за негова оставка, особено изминатите неколку недели откако нагло порасна бројот на заразени во земјава, при што него директно го обвинуваат за погрешна политика во справување со пандемијата.
Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот – напиша Филипче.