ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се поместуваат кон исток. Врнежите повремено ќе бидат поројни, а до крајот на денот се очекува на повеќе места да наврнат над 15, а во јужните и источните делови понекаде и над 25 л/м2 дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а најдолго ќе се задржат на североистокот. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови на места засилен југоисточен ветер кој доцна попладне ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно со врнежи од дожд, кои околу пладне ќе бидат поројни, а доцна попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Т = 10 °C, P = 972 Pa, U = 90 %, V = 3 m/s.

 

denesmagazin.mk