Филипче: Ќе направиме сѐ за да ја подобриме здравствената состојба на Борче Лазаревски

Сподели

 

“Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена”, објави на својот официјален фб, министерот за здравство Венко Филипче.

“Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба”, додаде министерот Филипче.