Угостителите со работно време до 21 часот од 21. јануари

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека од 21. јануари ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.

Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот, – изјави министерот Филипче.

Со мерките се забрани и организирање и одржување прослави за новогодишните и верските празници.