Борисов: Се надевам догодина заедно ќе празнуваме со нашите пријатели од С.Македонија 150-годишнината раѓањето на Делчев

Сподели

 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на денешното чествување на роденденот на револуционерот Гоце Делчев, истакна дека има надеж следната година заедно со браќата од Северна Македонија да се слави 150-годишнината од раѓањето на великанот.

 

 

„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, војвода, деец на македоно-одринското револуционерно ослободително движење, еден од највидните наши заеднички историски херои. Се надевам ќе имаме мудрост в година заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија да ја прославиме 150-годишнината, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, напиша Борисов на Фејсбук.