Зелената партија – ДОМ, го подржува барањето на експертите, граѓанските здруженија и иницијативи за изработка на посебен Закон за заштита на Парк-шумата Водно.
Тековниот процес на прогласување на Водно за заштитено подрачје нема да обезбеди интегрална заштита и неопходно е со закон да се заштити поголем дел од планината, особено северната страна
Законот мора да обезбеди спречување на ерозијата, заштита од поплави и стабилизација на свлечиштата, односно да оневозможи натамошна изградба на нови објекти за домување и хотели на падините на Водно.
Потребно е да се донесе Просторен план и План за управување со Водно со што прецизно ќе се дефинира кои активности се дозволени, а кои забранети.
Белите дробови на Скопје и омилениот простор за рекреација на граѓаните, мора да се зачуваат!