На денешната прес-конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, објави дека од 1. март ќе започне регистрацијата на граѓаните кои живеат надвор од Република Северна Македонија, без оглед кога ја имаат напуштено земјата.
Во понеделник, 1 март, еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски денеска на прес конференција информираа дека оваа активност ќе се спроведе во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.
МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство: на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и студентите и граѓаните што се ангажирани од страна на Република Северна Македонија врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица. Овде спаѓаат и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.
Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која, како што посочи Симевски, е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана.
Министерот Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.
– ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата, рече Османи.
Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспоарата, за усулгите што им се потребни на иселениците.
– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините заошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.
Симевски посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.
– Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината, истакна директорот на ДЗС .
Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.
Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот.
Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци.
Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година.
Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:
075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
Корисни линкови за ПОПИС 2021:
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.