ЈП “Пазари“-Битола произведува струја од фотоволтаици за сопствени потреби

Сподели

 

ЈП „Пазар“и Битола е прво јавно претпријатие кое произведува електрична енергија од сонцето, со моќност до 20KW според законските одредби, пренесува апла.мк

Ова јавно претпријатие намалените приходи од изнајмување на тезги ги компензира со енергетска ефикаснсот. Поставиени се лед осветлување, топлотен сиситем на парно греење, а сега се и првото јавно претпријатие во земјава кое поставило фотоволтаици преку кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби. Сега можат да го пренаменат буџетот кој бил предвиден за режиски трошоци. 
 
– На крајот од годината кога ќе се пресмета, ќе плаќаме минмална сума на потрошена електрична енергија. Од една страна се намалуваат трошоците на јавното претпријатие, а од друга страна придонесуваме за намалување на загадувањето на животната средина. Препорака е до останатите институции да направата фотоволтаици за прозиводство на електрична енергија за сопствени потреби, со што ќе се намалат трошоците, а инвестицијата за 3-4 години се враќа во целост. Според мене треба да се напарват измени во  Законот за фотоволтаици кои вели дека  правните лица можат  да постават  до 20 киловати за сопствени потреби. Мислам дека треба да поставуваме повеќе киловати, со што се намалуваат трошоцит, е се намалува и  загадувањето на животната средина , вели Владе Атансовски, директор на ЈП „Пазари“.