Министерот за здравство д-р Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, утре (28.03.2021) на меѓународниот Аеродром во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка на вакцини против Ковид 19 кои треба да пристигнат во државата преку Ковакс механизмот.
Се очекува пратката да пристигне во 07:55, а веднаш по пристигнувањето предвидени се кратки обраќања на присутните пред медиумите.