Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на покана на германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе престојува работна посета на Германија.
Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
Од Берлин, вицепремиерот Димитров заминува за Словенија, која од 1 јули ќе претседава со ЕУ.