СОНК ќе учествува на најавениот протест на КСС

Сподели

 

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура ќе учествува на најавениот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати, закажан за 15 април. Тие тврдат дека надлежните немаат слух за заштита на нивните интереси и затоа мора да ги бараат преку јавно незадоволство.

Оттаму потенцираат дека бројни се примерите за раскинување на договори за работа страна на работодавачите врз синдикалните лидери на сите нивоа, а има и случаи во кои дел од нив се деградирани со преместување од постоечките работни места на пониски работни места.

Според нив, сето ова е со цел да се спречи синдикалното организирање и дејствување на КСС и гранските синдикати во неа.