Во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров, се отвори нов парк за миленици, со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за локација, на која ќе имаат можност за рекреација на нивните домашни миленици.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски при денешната посета на паркот изјави дека можеби изгледа мала инвестиција, но Ѓорче Петров првпат добива ваков простор.
-Ова е барање од граѓаните кое постојано доаѓаше до мене во годините од кога сум јас градоначалник – информираше Наумоски и најави поставување на уште неколку вакви паркови на повеќе локации во Ѓорче Петров.
Паркот е на површина од 17 со ширина од 6 метри, соодветно заграден, уреден со реквизити за милениците, клупи за седење и корпи за отпадоци.