Кредит од €1 милион за Шпаркасе лизинг Северна Македонија за поддршка на конкурентноста на МСП.
- €1 милион кредит од ЕБОР за Шпаркасе лизинг за кредитирање на МСП
- Техничка помош од ЕУ фондовите, како и поврат во готовина до 15% од сумата на кредитот
- Соработка за градење на поконкурентен сектор на МСП во Северна Македонија
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од €1 милион за Шпаркасе Лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).
МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите, квалитет на производите и безбедност, здравје и безбедност и енергетска ефикасност. Тука се вклучени инвестиции во технологија, опрема, возила, итн. Се очекува најмалку 60% од инвестициите да бидат во зелени технологии и енергетска ефикасност
По успешното завршување на инвестицијата, МСП ќе можат да се квалификуваат добијат поврат на средствата, т.е. грант во износ од 15% од вкупната сума на кредитот. Оваа поддршка е обезбедена од Европската Унија.
Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Целата е да им се помогне на МСП во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,, МСП се основа на економијата во Северна Македонија и беа особено погодени со оваа криза. Кредитната линија ќе им овозможи да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ.”
Амбасадорот Дејвид Гир, Претставник на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија изјави:,, Пристапот до финансирање е основа за развој на било кои МСП. Поддршката која што ја обезбедуваме дава можност за подобрување на деловните активности во однос на подобрување на вмрежувањето и подобрување на работењето. Ќе помогнеме во инвестирање во дигитална надградба и ќе користиме ресурси на поодржлив начин, зголемувајќи го еколошкото работење и натамошното подобрување на конкурентноста. ”
Марјан Манчев, Директор на Шпаркасе лизинг доо Скопје истакна; ,, Многу ми е драго што соработката помеѓу ЕБОР и Шпаркасе лизинг доо Скопје продолжува и во 2021 година, со втората кредитна транша од €1 милион од ЕБОР, од кредитната линија за конкурентност, наменета за поддршка на МСП во земјата. Се надевам дека новото финансирање со кое се овозможува 15% грант за крајните корисници, ќе им помогне на компаниите во нивната транзиција кон користење на зелена енергија. Шпаркасе лизинг доо Скопје останува првата и единствената лизинг компанија на македонскиот пазар со пристап до оваа кредитна линија, потврдувајќи ја водечката улога на лизинг пазарот со силен фокус кон потребите на клиентите и еколошката одржливост.”
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,14 милијарди преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.