ДОМ до претседателот Пендаровски: Да ставиме крај на бесправното градење!

Сподели

 

Законот за легализирање дивоградби е дискриминирачки во однос на граѓаните кои ги почитуваат правните процедури, изјави Маја Морачанин од ДОМ.

“Законот за утврдување правен на статус на бесправно изградените објекти, е нешто што не смее да се размислува во една правна држава, во која владеат демократските принципи. Ваквиот закон, не е ништо друго освен закон за амнестија”, изјави Морачанин.

 

 

Амнестијата за дивоградбите, би можела да значи ослободување од одговорност и на оние коишто ги прекршиле законите со бесправно градење, и порака до граѓаните дека можат да градат без поседување градежна дозвола, со која можат да узурпираат државно земјиште.

Според Морачанин, ваквото законско решение е во спротивност со урбанистичките планови и другите прописи.

Во барањето до претседателот Стево Пендаровски, да не се потпишува Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како иницијатори се потпишаа пратениците од ДОМ – 2 пратеника, ЛДП -2 и Демократскиот сојуз 1.