Советот на амбасадори на средба со амбасадорката г-ѓа Кејт Мари Брнз

Сподели

 

Денес, Извршниот одбор на Советот на амбасадори оствари он-лајн средба со амбасадорката на САД во земјата, Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз.

Покрај претставувањето на програмските активности на Извршниот Одбор на Советот беа разменети и мислења околу повеќе теми и области од заеднички интерес за соработка со Амбасадата на САД во земјата. 

Амбасадорката Брнз истакна големо задоволство од досегашната соработка со Советот и ги поттикна членовите на зајакнат ангажман во иднина на полето на економската дипломатија, учеството на жените во дипломатијата, претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за надминување на спорот со соседна Бугарија.

Советот на амбасадори изрази признание за нејзините досегашни настапи, изјави и пораки упатени по разни поводи, секогаш принципиелни и со позитивен став кон државата и граѓаните.

Амбасадорката го нагласи значењето на „Амбасадорскиот фонд за културно наследство“ за МК и нтересот на македонскиот „Совет на амбасадори“ за вклучување во одбележувањето на 20 годишнината на неговото постоење.

Амбасадорката Брнз изрази позитивни очекувања од  јунскиот Совет на ЕУ и надеж за што поскоро усвојување на преговарачката рамка и закажување на Првата меѓувладина конференција за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.