Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вицепремиерот за Економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски го пуштија употреба вториот дел од Булеварот „Босна и Херцеговина“.
Градоначалникот Ганиу ја поздрави изградбата на овој булевар кој е од големо значење за Општина Чаир затоа што ги поврзува жителите на Општина Чаир со уште три други општини Бутел, Шуто Оризари и Карпош и заедно со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е брз излез кон скопскиот кружен тек, но е и дел од секундарниот северен прстен.
Булеварот вкупно има 6 ленти, ширина од 40 метри, должина 1700 метри, велосипедски и пешачки патеки.