“Притисокот врз болниците е многу намален. Благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно го издржаа притисокот со кој беа соочени. Граѓаните нема да ја заборават вашата храброст”, изјави министерот Венко Филипче.
– Денеска е затворен делот на интерните клиники – Одделенијата на дерматовенерологија и неврологија, коишто за целиот период помеѓу двата брана не престанаа со третман на ковид пациенти.
– Поради намалениот број на пациенти во последните две недели, се затворија ковид центрите на Клиниката за урологија, Клиниката за пластична хирургија, ТОАРИЛУЦ – Трауматологија, Клиниката за уво нос и грло, Клиниката за очни болести, Клиниката за гастроентерохепатологија и Институтот за физикална медицина, како и детската болница Козле, порача министерот Венко Филипче.