Трета транплантација на срце од мртов донор во историјата на земјата

Сподели

 

Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце од мртов донор во историјата на нашата земја.
 
 
 
 
На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот, изјави министерот Филипче.
 
 
 
 
 
На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа.
 
Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, објави министерот за здравство, Венко Филипче.