Системот за прием и издавање на лични документи нема да работи од 11 до 16 јуни

Сподели

 

Поради надградба на системот за лични документи, од  11. јуни (петок), започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. јуни (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот), нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за  личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 05. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 06. 06. 2021 година на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.  

Граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.