Целосно се укинува полицискиот час

Сподели

 

Владата на 79-та седница донесе одлука да се укине „полицискиот час“ и ограничувањето на работното време на угостителските објекти на 16 јуни и да се дозволат настаните повторно да се одржуваат на отворено.

Одлуката е објавена во Службен весник пред полноќ и со тоа сите одлуки на Владата стапуваат во сила во 00:00 часот.

Од денеска угостителските објекти се без ограничувања на работното време, но и натаму има протоколи кои треба да се почитувасат. Свадбите ќе може да се организираат со повеќе од 100 гости, а дозволени се настани, концерти и забави во клубовите и локалите кои се на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот, и не повеќе од 1.000 лица.