ДАЛАС (АА) – Осомничениот напаѓач на полицијата во Далас планирал и поголеми напади и поседувал доволна количина ескплозивен материјал за да нанесе поголема штета, соопшти полицијата во тој тексашки град, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мика Џонсон, црномурестиот воен ветеран, во четвртокот во Далас уби петмина а рани седум полицајци. Во нападот, кој се случи во четвртокот вечерта при крајот на протестите против полициското убиство на двајцата Афроамериканци, покрај дванаесет полицајци застрелани се и двајца цивили.
Властите соопштија дека 25-годишниот убиец водел дневник на борбена тактика, а во неговата куќа е пронајден арсенал на оружје кој влучувал и материјал за правење рачни бомби.
„Уверени сме дека осомничениот имал и други планови. Мислел дека она што го прави е правилно и верувал дека полицијата треба да биде на мета, со цел да платиме за, според него, нашите настојувања да ги казниме црномурестите луѓе”, изјави шефот на полицијата во Дaлас, Дејвид Браун.
Фактот што Џонсон поседувал и експлозивни материјали и зборувал за користење на рачни бимби пред да биде убиен, укажува на тоа дека со тек на време можел да стори уште поголема штета и да предизвика поголем број на жртви, изјави судијата во Далас, Клеј Џенкинс.
Далас беше инаку еден од бројните американски градови во кои во четврток беа одржани мирните протести „Black Lives Matter”. До протестите дојде како резултат на смртта на двајцата Афроамериканци кои се убиени од страна на полициски службеници во три последователни денови. Последниот случај се случи во средата во Минесота.
Полицијата во Далас вчера соопшти дека примила нова закана два дена по нападот врз нивните службеници. Вчера властите наложија претрес на паркинг-гаражата во која се наоѓал Џонсон.
Браун истакна дека Џонсон едно време преговарал со полицијата, ја исмејувал, пеел и во еден момент запрашал колку полицајци убил. По неуспешните преговори, полицијата без ризик употреби робот со цел да го неутрализира убиецот од Далас.
„Станав сè позагрижен. Во еден момент можеше да отвори оган врз нас и да одземе многу животи пред да го убиеме”, изјави шефот на полицијата во Далас.