Помош на дете со мачнини при патување

Сподели

mucnina-kod-dece

Доколку и вашето дете страда од силни мачнини за време на возењето, време е да примените неколку трикови кои ќе ги ублажат.

Мачнините коишто се јавуваат за време на патувањето не се ретки кај возрасните, но тие најчесто се јавуваат кај најмладите патници.

Како што наведуваат лекарите, ги предизвикуваат невообиечани и зачестени движења на телото, односно на превозното средство во кое се наоѓате. Имено, повторувањето на овие движења, кои настануваат поради возењето по кривини и преку „лежечки полицајци“ или турбуленција на авионот, му праќаат на мозокот важни пораки.

Механизмите за воспоставување на рамнотежата му праќаат на внатрешното уво сигнали различни од оние кои ги прима сетилото за вид, поради што мозокот добива збунувачки пораки. Најчеста последица на таквото делување на движењата е мачнината, а може да се јави и потење, главоболка, бледило и интензивирано лачење на плунката.

620_400_1456329079bolesno_dijete

Сепак, постојат неколку едноставни начини да се предупреди настанувањето на мачнини:

– Пред патувањето, важно е да избегнувате „тешка“ храна, токму како и во текот на патувањето. Тука, секако, спаѓаат и зачинетата и мрсната храна.

– Сведете ги движењата на минимум. На пример, ако детето е постаро, би требало да седи на предното седиште, односно над крилата, доколку патувате со авион.

– Обезбедете доволно количество воздух. Возењето со автомобил или автобус е многу благодарно токму поради тоа што овозможува доволно проветрување или седење покрај отворен прозорец.

– Помогнете му на детето да заспие. Раскажете му ја неговата омилена приказна за да заспие.

– Не му дозволувајте на детето да чита или да гледа филм бидејќи тоа може да го засили чувството на мачнина.

– Лекарите советуваат детето да не гледа во предметите и суштествата во движење за време на возењето. Затоа, посоветувајте се децата, наместо со погледот да следат куќи во „трка“, птици и други автомобили, да го насочат погледот кон хоризонтот.

Мачнината за време на патувањето може да се појави и поради стрес или дејство на интензивни мириси како што се храна или бензин.