Изложба на Мице ЈАНКУЛОВСКИ и КСЕНОС во Солун

Сподели

 

„Ко + егзистенција, со + чувство“, изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос, 11 ноември – 9 декември 2021, Лола Николау галерија, ул. Цимиски 52, Солун, Проф. Манос Стефанидис, 24 октомври 2021

 

 

 

Мислам дека никогаш не ми ни паднало на памет да пишувам предговор за уметничка изложба и да почнам не со претставените уметници, туку од галеристот. Но, сега ова е сосема посебен случај. Сега станува збор за Лола Николау, историската галеристка од Солун која помогнала во ширењето и поширокото прифаќање на современата уметност во таканаречената „нимфа на северот“. Покрај тоа, Лола Николау беше таа што пред неколку години прва го претстави на Грција многу важниот уметник од Скопје, Мице Јанкуловски, како и онаа која соодветно го виде дијалогот што тајно се развиваше меѓу него и уметничкото остварување на Јоргос Ксенос. Значи првата заслуга ѝ припаѓа нејзе, а потоа на конкретната изложба наречена, мислам многу успешно, ко + егзистенција – соживот со она што ова значи уметнички, културно, па дури и политички во тешките, но и чудните денови што ги живееме. Ко + егзистенција, со + чувство… она што се бара во нашето критично време. Во нашиот микрокосмос и во поширокиот свет.

И по овој императивен вовед, мислам, да се задржиме на главниот предмет на оваа мала белешка, што секако е заедничкото претставување, соживот, дијалог и комплементарност, ако сакате, на двајцата сликари кои доаѓаат од различни естетски традиции, но се спојуваат во заедничка естетика, жртвувајќи и означувајќи недвојбена модерност.

 

 

Мице Јанкуловски ги расплетува и разобличува своите густи, црни платна кои балансираат меѓу хероизмот и елегијата, егзистенцијалната драма и повторното оживување на внатрешниот хаос, тагувајќи за радоста на која човечките суштества немаат право, туку право да се потчинат, во отпорот. Црното, поточно црното, сивото, како симболи на отсуство и чувство на онтолошка ерудиција се негов постојан, експресивен избор.

Од друга страна, Јоргос Ксенос изложува мал избор од опусот на неговото најново творештво кое се карактеризира со опседнатоста од спонтаното, директно пишување, голем гест монументално втиснат на хартија, но кој исто е и во потрагата по минимализам колку што може, и на кој сите сугерираат со најмалку гласно викање. Поцрнети стебла од дрвја како примитивни, хиерархиски фигури кои молат, со молење пророкувајќи ги претстојните, познати зла, и, секако, како симболични стапчиња од природата која постојано ја навредуваме, загадуваме и деградираме, човекот цврсто стои против околината која го зачнала и го обдарила со незамислива моќ! Индикативно е тоа што во овој дел од делата човечката форма е издвоена – со единствен исклучок на сликата со давеникот – за да се проектира низ егзистенцијалното лудило на бојата природниот простор, но и неговата неприродна драма.

Двајцата творци со очигледните афинитети – опседнатоста со црното и чувството за монументална-театралност, но и акцентот на самиот сликарски чин одамна ми го привлекуваат вниманието од многу причини и уште една: затоа што го бранат заедничкото, балканско наследство без страв или други психози, покажувајќи дека уметноста не раздвојува, туку само обединува со елиминирање на вештачките граници и субверзивни ривалства. Токму заради оваа причина, му предложив на Министерството за култура за следното Венецијанско биенале Јоргос Ксенос да ги изложи своите шокантни, космолошки слики во грчкиот павилјон со гостин уметник, симболично подеднакво евокативниот Мице Јанкуловски како гест на пријателство, но и на сила. За координиран напор за културно обединување на Балканот. За промоција на Солун како град на на културата и комуникацијата. Што може да биде подобар одговор на нашите груби соседи од овој напор?

Нашиот предлог иако неодобрен, јас лично ветувам дека ќе продолжам да го поддржувам. И оваа изложба, ко + егзистенција што Лола Николау толку совршено ја организира со ко + чувство за одговорност, е јасен доказ токму за оваа волја.

Погледнете го ноќното небо кога изгрева полна месечина. Погледнете го кога е населено со соѕвездија, планети, астероиди, галактички маглини. Погледни ги бесконечните сфери, бесконечните кругови видливи и невидливи. Погледнете го видливото, но прво погледнете го невидливото. Што кријат, но и што откриваат црното и сивилото на универзумот. Токму таму каде што се смирува тагата, тажењето, драмата на постоењето, незадоволството од човечкото создание и сите наши несовршености е активирањето на секој уметнички израз. На крајот на краиштата, она што вистински се случува е секогаш горе.