Почнувајќи од утре, 15 ноември, за влез во објекти е потребно: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
– сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, информираат од МЗ.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот.