Расчекор

Сподели

“Боже мој прости ми,
што мислите мои
со каноните твои
беа во расчекор.
Прости ми,
што маслото до кандилото
со желбата моја го распалив,
до точка на топење
го запалив.
А ниту масло, ниту свеќа
во рака не држев,
само тело, жедно, чедно,
до тебе не скржавев.
И сега, дали
јас и ти сме едно
или ти си горе
а јас битие бедно?
На сенката моја,
одговори и
со зборови во боја,
кој е посилен
јас со опојните мисли
или ти со
иконите чисти?
Јас и ти во расчекор,
како природата без зелен, мирисен, опоен бор .
(атеистот пред горниот, М.П.)”