Царовска: Одлучив да не учествувам во новата Влада со новиот мандатар

Сподели

 

“Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар”, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

-“Во изминатите пет години, заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите”, рече Царовска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.