Санкционирани 118 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.
 
При контролата санкционирани се 118 возачи, од кои 40 на територија на СВР Скопје, 18 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 184 други видови на сообраќајни прекршоци.
 
Министерството за внатрешни работи продолжува апелира возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
 
Исто така, се апелира и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.