Градоначалничката на Барселона, Ада Колау денеска го обвини сменетиот претседател на каталонската влада Карлес Пуџдемон дека создал „катастрофа“ со инсистирањето за отцепување од Шпанија.
Таа го критикуваше „неодговорното“ однесување на Пуџдемон и неговите истомисленици, што довело до политичка криза во Шпанија.
– Тие испровоцираа тензии со еднострано објавената независност, која поголемиот број граѓани не ја сакаат. Тие ги измамија граѓаните поради сопствени интереси – посочи Колау, која и самата е против независноста на Каталонија, но тврди дека поддржува слободен официјален референдум за тоа прашање.
Во меѓувреме повеќе илјади луѓе, кои поддржуваат отцепување на Каталонија од Шпанија, протестираа во центарот на Барселона, барајќи ослободување на притворените каталонски лидери.
Осум поранешни членови на распуштената каталонска влада и двајца активисти се во притвор поради нивната наводна улога во промовирањето на нелегалното прогласува на независност на Каталонија. Пратениците во каталонскиот Парламент на 27 октомври прогласија независност откако на референдумот одржан на 1 октомври беше изгласано отцепување од Шпанија.
Анектите покажуваат дека околу 7,5 милиони жители на Каталонија се поделени по прашањето за сецесија од Шпанија.