Акцијата на МВР продолжува: Санкционирани 393 возачи, од кои 164 за пречекорена брзина

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22.

Санкционирани биле 16 мотоциклисти, изречени 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а казнети се и 37 лица за неносење на заштитна маска.

Од МВР предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.