Ангелов: Припадници на Армијата и полицијата ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

Сподели

 

Околу 300 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

– Полициските службеници се оние кои што имаат полициски овластувања, додека припадниците на Армијата ќе им помагаат на нив, пред се за одржување на редот пред болниците и ковид центрите, за да се овозможи поквалитетна и непречена работа на здравствените работници. Претседателот со одлука ќе донесе наредба за ангажман на Армијата за поддршка на полицијата и тогаш се исполнети сите формални услови да може армијата да и помага на полицијата, изјави Ангелов.