Помош од 500.000 евра на Македонија за поплавите ќе додели Австрија од Фондот за елементарни непогоди во странство.
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц прецизира дека тие средства ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и македонскиот Црвен крст.
Парите треба да да бидат искористени за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.