Белата куќа револтирана поради укинувањето на забраната за влез во САД

Сподели

Белата куќа доцна синоќа изрази револт и вети дека ќе се бори откако федералниот судија во Сиетл привремено ја укина контроверзната забрана за влез во САД издадена од страна на претседателот Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во што е можно побрз период, oдделот за правда ќе ја одбрани извршната наредба на претседателот и ќе поднесе за нејзино итно задржување, при што ја смета дека е законска и соодветна”, соопшти портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

„Наредбата на претседателот е со цел да ја заштити својата земја и тој има уставно овластување и одговорност да го заштити американскиот народ” , додаде Спајсер.

Со извршната наредба на Трамп потпишана пред една недела, на граѓаните од седум муслимански земји им се забранува влез во САД во рок од 90 дена, како и се запира бегалската програма на 120 дена и им се забранува влез на бегалците на неодреден период.

Ваквата одлука предизвика десетици илјади визи да бидат одземени како и доведе до десетици приведувања ширум земјата поради организирањето на масовни протести.

Федералниот судија Џејмс Роберт доцна синоќа ја укина оваа наредба, при што доведе до прогласување од страна на пограничните агенти дека откажаните визи ќе бидат вратени а дека бегалците со важечки визи ќе бидат примени во САД.

По постигнување на укинувањето за забраната од страна на федералниот судија Роберт, јавниот обвинител на Вашингтон Боб Фергусон на Твитер напиша: „Никој не е над законот, дури ни претседателот ”.

Поттикнат од нападот со нож во Париз, кој се смета за терористички акт, претседателот Трамп со цел да ја одбрани својата забрана на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер каде што има 23.6 милиони следбеници напиша: „ Мора да држиме злото надвор од земјата”.