Берлин и Рим го поддржаа ставот на Брисел за Брексит

Сподели

Берлин и Рим го поддржаа планот на Европската комисија да се откаже почетокот на трговските преговори со Британија се додека Лондон не даде гаранции во износ од повеќе милијарди евра и почитување на правата на граѓаните.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ наведува дека германските и италијанските претставници соопштиле дека го поддржуваат ставот на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Берние на почетокот на разговорите да се изнесат условите.

Весникот истакнува дека овие ставови се прелиминарни затоа што членките на ЕУ се уште немаат официјален став.

Сепак, ставот на Берлин и Рим претставува удар за британските министри, кои сметаат на тоа дека Германија ќе има поблаг однос и дека ќе ги надгласа радикалните мислења внатре во Европска комисија.

meta.mk