БЕСА со член во ДИК, на местото на ДПА

Сподели

Со 77 гласови “ЗА” Собранието ги усвои измените на Изборниот законик.

Согласно координацијата меѓу политичките партии, беше постигнат договор за измени во изборниот законик, во делот околу  составот на членството на ДИК, односно наместо досегашниот членот на ДПА, врз основа на резултатите од последните парламентарни избори, ќе дојде претставник од партијата Движење Беса.

Измените беа побарани од група пратеници со цел членовите на ДИК да ја отсликуваат реалната состојба во распределбата на пратеничките мандати во парламентот. На последните парламентарни избори БЕСА освои повеќе пратенички мандати од ДПА.