Владата ја разгледа и усвои Информацијата и го усвои Акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација против грип за ризични групи“ за сезоната 2020/2021, според кој бројот на лица што ќе бидат опфатени со оваа бесплатна четиритипна вакцина против сезонски грип од 20.000, се зголемува на 60 илјади граѓани од следните ризични групи: возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.