Полицијата ја затвори зградата на парламентот на Велика Британија, а причината е „хемиски инцидент“ во објектот.
Како што јавуваат светските медиуми, се истражува „бел прав“ кој предизвикал паника во Лондон.
Претставниците на Домот на лордовите се затворени а терасите на Вестминстер, додека внатре се истражува за каков бел прав се работи.
Исто така, затворени се вратите и прозорците, а има луѓе кои се затворени на терасата на покривот на објектот.