Бугарија: Силувана и убиена истражувачка новинарка

Сподели

 

Бугарската новинарка Викторија Маринова е силувана и убиена во градот Русе во северна Бугарија, јавија вчера локалните медиуми.

Новинарката Викторија Маринова (30) била пронајдена во парк, а полициските сили објавија дека мртвото тело имало траги од удари на главата, како и знаци кои укажувале на задушување.

Маринова била и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за наводна корупција поврзана со фондови на Европската унија.

Полицијата тврди дека нема докази дека убиството е поврзано со нејзината работа, но дека во текот на истрагата ќе бидат земени предвид сите траги и докази. Нејзиниот мобилен телефон, клучевите од автомобилот и дел од нејзините алишта беа исчезнати.

Организации за борба против корупција и членови на ЕП повикаа на целосна истрага за нејзината смрт.

МИА