За вториот круг на локални избори кои ќе се одржат утре, денеска, од 7 до 19 часот ќе гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи.
Денеска, исто така ќе гласаат и осум гласачи кои се водат како внатрешно раселени, како и, 1.435 лица кои се болни или немоќни или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.
На полноќ заврши политичката кампања за локалните избори, а денеска е изборен молк. Вкупно 833.716 гласачи ќе имаат право на глас на 1.517 избирачки места во 35 општини.
Изборите ќе ги следат вкупно 5.101 домашни, 473 странски набљудувачи, 315 преведувачи и 20 странски новинари.