Новак Џоковиќ, поранешниот светски рекет број еден и официјално ја заврши тениската сезона 2017.
Србинот тоа го потврди на прес конференција која ја одржа во Белград. Џоковиќ изјави дека повредата на лактот е сериозна и истата бара мирување од околу 6 месеци.
Џоковиќ дополни и дека времето потребно за рехабилитација ќе го мине целосно посветувајќи се на своето семејство.
Долгото отсуство за тенисерот ќе значи и огромен пад на АТП листата. Тој нема да биде ниту во првите 10, што е првпат по пауза од 10 години.
Моментално се наоѓа на 4-тото место, а од понеделник ќе го нема ниту во првите пет на листата.
Како што изјави оваа повреда ја влече веќе 1,5 година, а кулминираше во осминафиналето на Вимблдон каде го предаде мечот против Бердих.
видео – kurir.rs
The post Џоковиќ објави крај на сезоната 2017 – Дознајте колку ќе биде надвор од терените (видео+фото) appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico