Американскиот сенатор Џон Меккејн, кој почина во саботата, во тестаментот побарал на неговиот погреб да говорат поранешните претседатели на Соединетите Американски Држави Барак Обама и Џорџ Буш, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми наведуваат дека Меккејн во тестаментот навел и дека на погребот не го сака присуството на сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Додека беше жив, Меккејн остро го критикуваше Трамп и не беше во добри односи со него.
Повикувајќи се на изјавите на неименувани претставници на Белата куќа, американските медиуми јавуваат дека портпаролката Сара Сандерс и шефот на Кабинетот на Трамп, Џон Кели, по повод вчерашната смрт на сенаторот Меккејн напишале официјално соопштение на Белата куќа во кое за починатиот Меккејн се зборува во суперлатив и се ословува како американски херој.
Истите извори јавуваат дека Трамп не одобрил објавување на тој текст.
Меккејн своевремено беше еден од најгласните критичари на политиката на Трамп во републиканските кругови, а Трамп по повод неговата смрт упати само порака со сочувство до семејството Меккејн преку Твитер.
Од Канцеларијата на починатиот сенатор Меккејн е соопштено дека неговиот погреб ќе се одржи на 2 септември, на гробиштата на Поморската академија во Мејленд.