Добиените посланија „Св. Мајка Тереза“ и признанието за хуманост ги посветувам на сите здравствени работници

Сподели

 

“Особена чест се добиените посланија „Св. Мајка Тереза“ и признанието за хуманост доделени од Граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Ги посветувам на сите здравствени работници кои неуморно се борат за спасување на секој пациент, за подобрување на здравјето на секој граѓанин, во услови на Ковид-19, но и секојдневно. Оваа награда ја посветувам и на сите борци – пациенти, деца кои херојски се носат со заболувањата, но и на сите граѓани дарители на крв, конвалесцентна плазма, а особено на дарителите на органи и нивните семејства, зошто нивниот алтруизам е врвен пример за хуманост, пожртвуваност и грижа” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.